четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во липковско уапсен мигрант кој со неколкумина нападнал друга група мигранти

Во липковско уапсен мигрант кој со неколкумина нападнал друга група мигранти

Мигранти нападнале друга група мигранти, а едниот од од нив е уапсен во липковско Лојане, соопшти денеска СВР Куманово. Според полицијата, една група физички нападнала 34 мигранти од три различни држави, ги држеле во заложништво при што им одзеле пари и накит.

– Вчера во 13:00 часот на местото „Под камен“ во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода В.А.(21) од Пакистан, поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти, со употреба на тврди предмети, физички нападнале 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле во заложништво, при што им одзеле пари и накит, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.