СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.З.(31) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 24.09.2020 на граничен премин Табановце бил извршен претпрес над пријавениот, кој управувал патничко возило „мерцедес“, при што биле пронајдени и одземени хероин и метадон.