На 21.06.2022 во 20:20 часот на патот Скопје – с.Танушевци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци извршиле преглед на товарно возило „мерцедес’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В. од с.Танушевци, а совозач бил Н.Р. од с.Визбегово.
Притоа, во возилото биле пронајдени повеќе грла добиток кои ги превезувале без потребната документација.
По консултација со Јавен обвинител случајот бил преземен од Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Возилото и добитокот биле одземени и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.