СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И.(47) од охридското село Волино, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка „Шпагин“ калибар 7,62 милиметри што нелегално ја поседувал.