четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во ноќен клуб во Виница затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…

Во ноќен клуб во Виница затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…

На 24.04.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спроведоа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница.

При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца. Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.