Во Прилепско била пронајдена артилериска граната од Првата светска војна, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Прилепчанецот Р.Ј., на возраст од 49 години, вчера во ОВР Прилеп пријавил дека на место викано „Плетвар“, прилепско, при ископ на темел за викенд куќа, пронашол артилериска граната калибар 75 мм. од Првата светска војна, појаснуваат од МВР.
Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.