На 03.10.2022 во 22:30 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека во ходникот на затвореното одделение во затворот била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото на настанот, ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка, а по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.