среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во шума кај селото Негорци пронајден мртов мигрант

Во шума кај селото Негорци пронајден мртов мигрант

Во попладневните часови на 25 јули во Регионалниот центар за гранични работи Југ, било пријавено дека на јужната граница, на непристапен шумски предел во реонот на селото Негорци, имало починато лице, најверојатно мигрант.

Полициски службеници излегле и на местото викано Жабја Река, кај селото Негорци, го пронашле починатото лице.

Смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.