петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје од сообраќај исклучени 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената

Во Скопје од сообраќај исклучени 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената

Изминатите 24 часа во Скопје полицијата санкционирала 34 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала 25 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 18 возачи за не носење сигурносен појас, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, еден возач за неправилно престројување, како и пет возачи за не поседување зимска опрема во возилата.

Санкционирани биле и двајца  пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, а затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.