петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје санкционирани 334 возачи од кои 200 за брзо возење

Во Скопје санкционирани 334 возачи од кои 200 за брзо возење
Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Како што се наведува во соопштението од полицијата, изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.