среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во скопски Карпош запленета дрога – приведен 38. годишник, следува кривична пријава

Во скопски Карпош запленета дрога – приведен 38. годишник, следува кривична пријава

На 05.06.2021 во 17.00 часот во скопската населба Карпош полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје запленија синтетичка дрога амфетамин и марихуана.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес во дом на Д.Б. (38), кој издржувал мерка куќен притвор, и при тоа е пронајдена синтетичка дрога амфетамин и марихуана.

Д.Б. е приведен во ПС Карпош, а по насока од јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд е спроведен во Истражен затвор Скопје, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од КЗ и за новото кривично дело.