вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Стопански двор при вршење на градежни работи се повредил работник – константирани се тешки телесни повреди

Во Стопански двор при вршење на градежни работи се повредил работник – константирани се тешки телесни повреди

На 10.04.2021 во 11.07 часот во Полициска станица Ѓорче Петров од Итна медицинска помош било пријавено дека во близина на фирма во скопската населба Стопански двор, при вршење на градежни работи на објект се повредил С.Д.(63) од с.Инџиково, скопско.

Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Трудов инспектор.