Во полициската станица во Тетово вчера се пријавени два случаи на каснувања од бездомни кучиња, на булеварот „Благоја Тоска“.
Вчера (25 јануари) во 12 часот, К.М.(23) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче-бездомник. Во 12 часот и 55 минути, А.Б.(34) од Тетово во СВР Тетово пријавилa дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово билa каснатa од куче-бездомник, информира денеска СВР Тетово.
Секој ден во текот на мината недела тетовци пријавуваа напади од бездомни кучиња, а еден од нив беше токму на булеварот „Благоја Тоска“.
На крајот од октомври завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. Со сите три тендери беа третирани околу 300 кучиња. (МИА)