петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Тетово затекнати 50 гости во угостителски објект, газдата доби кривична пријава

Во Тетово затекнати 50 гости во угостителски објект, газдата доби кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и физичко лице за работа во затворениот дел на објектот и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, соопшти попладнево МВР.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и М.А. (39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.