понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во тетовско Гајре 64 годишник го загубил животот при градежни работи

Во тетовско Гајре 64 годишник го загубил животот при градежни работи

При изведување градежни работи во тетовското село Гајре животот го изгубил 64-годишен жител на селото. Според првичните сознанија, тој работел на ѕид од камења што се урнал врз него.

– Во 10:20 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во тетовско Гајре, додека се изведувале градежни работи, со повреди се здобил Љ.И.(64) од ова село, кој набрзо им подлегнал на повредите. Лекари од тетовската Итна медицинска помош констатирале смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството. (MИА)