понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во возило пронајдени дрога и нож

Во возило пронајдени дрога и нож

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(20) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.

На 11.11.2021 во 22:50 часот, на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Ростушко Анче, полициски службеници од Полициска станица Жировница, извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Ш.(20) од Гостивар и на лицата кои се превезувале, при што кај пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од хашиш и нож со остатоци од кокаин и тетрохидрокарабинол.