Во четири часот утринава беше ограбена наплатната рампа кај Глумово.
Како што дознава КУРИР две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво.
КУРИР дознава дека во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.
Насилничката драма не запрела тука, крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.
По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.
Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.
Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.