вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возачи внимателно: Полицијата низ целата држава казнила 265 возачи за брзо возење

Возачи внимателно: Полицијата низ целата држава казнила 265 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 256 возачи.

Од нив, 28 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.