среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возел такси без лиценца, кривична за маж од Кичево

Возел такси без лиценца, кривична за маж од Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(69) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола во сообраќајот, извршена на 10.08.2022, полициските службеници сопреле такси патничко возило управувано од пријавениот и притоа констатирале дека тој не поседува лиценца за вршење на општински јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган.