петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возеле без возачка во Гостивар, еве колку казни напиша полицијата

Возеле без возачка во Гостивар, еве колку казни напиша полицијата

Во текот на вчерашниот ден (08.10.2023) во периодот од 17:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, девет за измината важност на сообраќајната дозвола, четири возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.