Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на Република Македонија спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата констатирани и законски санкционирани се 165 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на територијата на СВР Скопје 36, на територијата на СВР Тетово 26, на територијата на СВР Битола 22… За време на контролата биле санкционирани и 206 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.