четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возила опожарени во гаража во Кисела Вода

Возила опожарени во гаража во Кисела Вода
илустрација

Две патнички возила се опожарени во пожар што ноќеска се случил на улицата „Димо Хаџи -Димов“ бр. 123 во скопската населба Кисела Вода.

Пожарот избувнал во гаража на зграда, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенирала со 11 пожарникари и четири возила. Пожарот бил пријавен во 02:30 часот, а гаснењето траело до 05:40 часот.

Во пожарот е причинета материјална штета која допрва ќе се утврдува.