среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возила оштетени на „Дижонска“

Возила оштетени на „Дижонска“

На 11.10.2021 во 21:15 часот Б.И.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20:00 часот на ул.“Дижонска“ оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје.

Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил.

Од полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот.