понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возило излетало од патот Кичево-Охрид, едно лице тешко повредено

Возило излетало од патот Кичево-Охрид, едно лице тешко повредено

Вчера во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Врбјани, И.А.(52) од с.Грешница, управувајќи патничко возило „цитроен пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, сопатникот Ј.Е.(45) од с.Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.