петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ВРАБОТЕН ВО АРМИЈАТА ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА: 59 годишното лице било од Гевгелија, ова се деталите

ВРАБОТЕН ВО АРМИЈАТА ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА: 59 годишното лице било од Гевгелија, ова се деталите

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат 59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција. (МИА)