Маж се здобил со тешки телесни повреди на своето работно место во фабрика, информираат од МВР.
-Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски’’ со тешки телесни повреди бил донесен 45-годишниот А.Т. од Скопје.
Според пријавеното, тој се повредил додека работел со рачен вилушкар во фабрика каде бил вработен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.