четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вработен во приватен комплекс пронајден починат во соба

Вработен во приватен комплекс пронајден починат во соба

Во Полициското одделение Маврово вчера во 07:30 часот било пријавено дека во една соба во приватен комплекс бил пронајден починат вработениот Т.К.(48) од с.Радово, струмичко, информираат од СВР Тетово.

Лекар од Медицински центар Маврови Анови констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.