понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вработена во тетовска аптека спречила кражба

Вработена во тетовска аптека спречила кражба

Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката по што без да земе нешто заминало и машкото лице.

-Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо, соопшти СВР Тетово

Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.