На 18.02.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека околу 12.30 часот во с.Батинци, скопско, двајца вработени во ЈП „Водовод“ се здобиле со повреди додека извршувале работни задачи.
Тие биле пренесени во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.