Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Џ.С.(64) од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 23.12.2022, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.