вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вршеле јавен превоз без дозвола, кривични пријави за 15 лица

Вршеле јавен превоз без дозвола, кривични пријави за 15 лица

СВР Тетово поднесе кривични пријави против петнаесет сторители и тоа: Х.И. (60), Б.В.(55), С.П.(60) тројцата од Тетово, И.О.(31), Б. Б. (47), двајцата од с. Пирок, Ш.И.(59) од с.Д.Палчиште, С.Е.(34) од с.Добарце, М.М.(53) од с.Г.Палчиште, М.М.(30) од с.Калник, О.М.(20) од с.Непроштено, В.М(48) од с.Беловиште, Д.В.(58)  од с.Рогачево, Љ.К. (53) од с.Старо Село, С.И. (38) од с.Голема Речица, и Н.Н(56) од с.Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени петнаесет кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

СВР Тетово од 29.09.2020 до 03.11.2020 спроведе повеќе акциски контроли со цел утврдување нерегуларности во вршењето на јавен превоз при кои било констатирано дека горепријавените лица во својство на превозници, вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во патниот сообраќај.