СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Џ.(45) од Охрид и Н.П.(32) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ и комбе „форд транзит“, што ги управувале пријавените, при што констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.