четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вршеле јавен превоз на патници без лиценца: Полицијата фати повеќе лица, сите ќе одговараат

Вршеле јавен превоз на патници без лиценца: Полицијата фати повеќе лица, сите ќе одговараат

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Т.(28) од село Свидовица, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 19.10.2022 на граничниот премин Табановце, пријавениот вршел превоз на патници со патничко возило – комби „фиат дукато“ без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(26) од село Пиперово, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.  На 17.10. 2022 на граничен премин Табановце, пријавениот со комби „мерцедес“ вршел јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Т.(22) од село Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 15.10.2022 на граничен премин Табановце со комби „опел виваро“ вршел јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(49) од село Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.10.2022 на регионалниот пат Тетово кон село Боговиње било сопрено комбе „форд транзит“, при што било констатирано дека пријавениот вршел јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(59) од село Боговиње, тетовско, поради постоењ основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.10.2022 на регионалниот пат Тетово кон село Боговиње било сопрено  комбе „форд транзит“, при што било констатирано дека пријавениот вршел јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.