недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација, ќе добијат кривични пријави

Вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација, ќе добијат кривични пријави

На 12.05.2022 во периодот од 06:00 до 10:00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Притоа, биле санкционирани 8 неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-6), од кои 4 (ТЕ-2 и ГВ-2) со неисправни уреди за кочење и 4 (ГВ) за неизвршен вонреден технички преглед. Возилата веднаш биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите им се изготвени соодветни платни налози.

За време на контролата биле откриени и 7 возила (ТЕ-2 и ГВ-5) кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација и биле соодветно санкционирани согласно член 284А од Кривичниот законик на РСМ.