Денеска (02.07.) во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 97 возачи, од кои 54 на територија на СВР Штип, а 43 на територија на СВР Куманово.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.