На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16 -надвор од населено место, 25- во населено место).
Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06- надвор од населено место, 36- во населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02-надвор од населено место, 14 -во населено место).
Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (10-надвор од населено место, 12-во населено место). Против овие возачи преземени се соодветни законски санкции.
-Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи а посебно, возачите на моторни возила да ја прилагодуваат брзината според поставената сообраќајна сигнализација и према условите и состојбите на патот, порачуваат од СВР Охрид.