сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење на територија на Македонија казнети 186 лица

За брзо возење на територија на Македонија казнети 186 лица

Во текот на вчерашниот ден (05.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.