вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење казнети 192 возачи низ цела држава

За брзо возење казнети 192 возачи низ цела држава

Во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.