петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За брзо возење вчера казнети 330 возачи

За брзо возење вчера казнети 330 возачи

Во акциска контрола на полицијата за движење со брзина поголема од дозовлената, вчера на територијата на државата биле казнети 330 возачи.

-Од нив, 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

МНР соопшти дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.