недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

За четири часа казнети 60 возачи

За четири часа казнети 60 возачи

Денеска (12.10.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 60 возачи. Од нив три за вршење јавен превоз без лиценца по член 284 – а од Кривичниот законик, 17 санкции поради непоседување лекарско уверение, 10 мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за возење без возачка дозвола.

Исклучени од сообраќај се три возила кои вршеле јавен превоз на патници на територија на СВР Велес, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед.
aЗасилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.