31 санкции за возачи што не пропуштиле пешаци на територија на СВР Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (26 мај) од 10 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возачи, како и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците, а во која вкупно се откриени и санкционирани 31 прекршок (ТЕ-23 и ГВ-8).
Сите прекршоци заокружени се со законски предвидените поднесоци.Во контролата сакционирани се и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-2).СВР Тетово апелира до возачите секогаш да им даваат првенство, односно предност на пешаците, а пешаците да се движат прописно и да ги почитуваат правилата.