среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ЗА САМО 4 ЧАСА 200 КАЗНИ: Полициска акција со ноќен радар низ целата територија на Македонија

ЗА САМО 4 ЧАСА 200 КАЗНИ: Полициска акција со ноќен радар низ целата територија на Македонија

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.