понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За време на полициски час дивееле низ Куманово: Едниот пукал кон куќи на сограѓани

За време на полициски час дивееле низ Куманово: Едниот пукал кон куќи на сограѓани

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Г.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против Е.И.(21) и Д.А.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 18.05.2020, за време на забрана за движење – полициски час, пријавените се превезувале во патничко возило „голф“, движејќи се со голема брзина по бул.„Трета македонска ударна бригада“ кон ул.„ЈНА“ во Куманово, при што првопријавениот, како сопатник во возилото, преку отворен прозорец испукал четири проектили од огнено оружје непозната марка кон неколку куќи и со голема брзина заминале кон ул.„Благој Илиев Гуне“ во Куманово, при што го загрозиле животот на луѓето кои биле во дворовите.