На 02.08.2022 во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во
тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот.
-Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, информираат од тетовската полиција.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.