Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Македонија“ во тетовска Мала Речица. Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени.
-Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираа Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот. (МИА)