среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Залутан куршум оштети автомобил во скопско

Залутан куршум оштети автомобил во скопско

На 18.01.2021 околу 20:30 часот во СВР Скопје, Ц.М.(37) од с.Брњарци, скопско, пријавил дека  предното ветробранско стакло од неговото патничко возило „фиат хрома“ било оштетено од залутано зрно од огнено оружје, кое го пронашол до возилото.

Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.