Во тетовската полиција продолжуваат пријавите на граѓаните дека се соочиле со заталкани куршуми или зрна по пукање од огнено оружје. Таква пријава има од 66-годишник од село Теново, Општина Брвеница.
-На 28 јули во 16.25 часот во СВР Тетово, В.Ѓ.(66) од тетовско Теново пријавил дека во неговиот двор паднало залутано зрно од огнено оружје, откако претходно слушнал пукање од огнено оружје. Екипа од СВР Тетово извршила увид и зрното било подигнато за понатамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
На 25 јули 40 годишник пријавил дека е повреден поради заталкан куршум, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59-годишна жена во Тетово. На 18 јули пријавено беше дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек-без повредени лица.