понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запален автомобил на Агенцијата за примена на јазиците

Запален автомобил на Агенцијата за примена на јазиците
илустрација

Утрово било пријавено за запалено возило „мерцедес“ во селото Визбегово, сопственост на Агенцијата за примена на јазиците. Од МВР информираат дека пожарот е изгаснат и е извршен увид.

– Утрово околу 03:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, Скопско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенција за примена на јазиците, кое било паркирано во близина на влезната врата на куќата на И.С.(43), се наведува во соопштението на Министерството.