На 28.03.2022 во 04.40 часот во СВР Скопје на ул.„533“ во с.Марино, општина Илинден настанал пожар во пластичен контејнер за рециклирање на отпад, кој зафатил три возила: „фолксваген голф“, сопственост на И.П.(36) од Скопје, „хјундаи“,сопственост на К.П.(36) од с.Марино, двете со скопски регистарски ознаки, и „даеву матиз“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на И.Ј.(38) од с.Марино.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.