среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запалил автомобил поради нерасчистени семејни односи- скопјанец причинил штета од околу 6.000 евра

Запалил автомобил поради нерасчистени семејни односи- скопјанец причинил штета од околу 6.000 евра
фото илустрација

СВР Скопје – Единица за насилен криминал вчера поднесе кривична пријава против С.И.(45) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик, со кое причинил штета од околу 6.000 евра.

Истиот ден околу 04.30 часот во с.Сарај, поради нерасчистени семејни односи, пријавениот С.И. предизвикал пожар во патничко возило „голф 5“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(25), при што возилото било во целост опожарено.